Advertisements
Музика

„All I Need Is You“ – свежи и игриви ритми на новиот певлив хит од The G Notes

The G Notes е дуо кое го чинат 29-годишниот Глигор Гошев и 23-годишната Теодора Гошева, брат и сестра кои го објавија шестиот авторски сингл, песната „All I Need Is You“, која е отпеаја на англиски јазик. Имаат исто толку синглови на македонски јазик.

За нивното ново музичко дело The G Notes снимија и спот, чии сцени се работени во соседна Грција и на планината Кожуф.

Станува збор за певлива и игрива песна со лесен ритам и летна позитивна енергија која ќе ве натера да си подигрувате и кога ја слушате на затворено. А за на отворено е вистински погодок кој сигурно ќе прави забава и атмосфера на летните шанкови и плажи.

Во мај оваа година The G Notes планираат да објават и македонска верзија од оваа песна. Набрзо после тоа во план се да го промовираат и нивниот прв двоен музички албум кој ќе биде двојазичен и содржински исполнет со осум песни. Едното CD ќе биде на македонски, а другото на англиски јазик.

Advertisements

Најпопуларно

To Top