Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец и ѕвезда на Лидс, Езгјан Алиоски даде многу интересно интервју за официјалниот клупски канал.
Имено, Алиоски имаше задача се стави во улога на менаџер на Лидс барем за еден ден, па даде многу инетерсни одговори.
Дали би носел тренерки или одело?
– Одело
Која формација би ја избрал?
– 4-2-3-1
Каков стил на фудбал би играл твојот тим?
-Пресинг и би сакал да играм добар фудбал.
Како кој менаџер би личел најмногу?
– На Жозе Мурињо
Кој од екипата на Лидс би ти бил твој асистент?
– Ќе ми треба повеќе од еден. Би ги земал Гаетано Берарди, Понтус Џенсон, Самуел Саиц и Кејлеб Екубан. Би ми требале за различни позиции, Берарди би му покажувал на тимот како да се тепа, а Понтус би бил мојот бодигард.
Играш против главните ривали. Дали би ги фалел или ќе бидеш смирен?
– Не би правел голема врева, би ја смирил ситуацијата.
Каква казна би вовел?
– Никаква. Играчите би можеле да прават што сакаат, сè додека се фокусирани на натпреварот.
Која активност за подобрување на атмосферата во тимот би ја вовел?
– Сноуборд
Стигнуваш во Премиерлигата. Би преферирал квалификации во ЛШ или трофеј во ФА-купот?
– ФА-купот. Секогаш е подобро да освоите нешто, а ФА-купот е важен. Во Лигата на шампионите можете да имате лоша ждрепка, да добиете многу тешка група и да отпаднете. Затоа за мене подобро е ако освојувате нешто.
Можете да потпишете со било кој голман, дефанзивец, играч од средниот ред и напаѓач во светот, кои би биле тие?
-Буфон, Рамос, Модриќ, Роналдо.