Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Албанските опозициски партии се против предлогот на 12-те пратеници (видете ОВДЕ) за 1 изборна единица. Алијансата на Села бара да има 8, а БЕСА ќе бара 3 изборни единици.
Алијансата на Албанците на Зијадин Села не ја прифаќа инцијативата на 12те пратеници за една изборна единица бидејки според нив, партиите не можат да постигнат да имаат контрола контрола на изборниот процес на целата територија и се сомневаат дека тоа може вештачки да го крене цензусот онаму каде што нема контрола.
– Ние размислуваме на нов модел на организирање на избори. Бараме 8 изборни единици согласно регионалната поделба која што постои, со отворени листи. При тоа не сите изборни единици би носеле ист број на пратеници, туку согласно бројот на гласачи во тој регион – рече Зијадин Села, пратеник на Алијансата на Албанците.
За партијата на Села не е прифатлива ни идејата за 3 изборни единици бидејќи тоа нема да донесе никава промена во распоредот на силите.
– Доколку останат 6 изборни единици ние ќе дејствуваме во во две насоки 6 изборни единици со отворени и да се корегираат границите со можност за отстапка на бројот на гласачи од најмала до најголема изборна единица од 1, наместо сегашните 5 отсто – рече Рушити.
По обелоденувањето на иницијатива на 12 пратеници за промена на изборниот модел од 6 во една изборна единица, реагираше опозициската БЕСА, која побара намалување на изборните единици од шест на три.
– Тоа ја одразува реалноста во државата, а тоа е дека одредени етнички заедници гласаат во одредени региони – рече Фадиљ Зендели, пратеник од БЕСА на Биљал Касами.
Зендели додаде дека се залагаат наместо затворени, како во моментов, да се воведат отворени изборни листи.