Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Преговарачките тимови на ДУИ велат дека речиси се исчистени несогласувањата, и дека на ред е само гаранцијата која треба да ја дадат Зоран Заев и Али Ахмети. Алијансата на албанците има забелешки на предлозите околу албанскиот јазик за што ќе разговара денеска на средба со СДСМ.
Сепак тие не ги доведуваат во прашање нивите потписи за формирање влада, без оглед на каков било одговор од разговорите За разлика од ДУИ, нивните потписи се гарантирани и се начисто дека не сакаат да коалицираат со ВМРО ДПМНЕ. Ова синоќа во Топ тема го кажа преговарачот на Алијансата Арбер Таривари.
Во заднината на овој настан ,од преговарачките тимови на ДУИ за Локално.мк, велат дека речиси се исчистени несогласувањата, и дека на ред е само гаранцијата која треба да ја дадат Зоран Заев и Али Ахмети.
Во тој контекст не е исклучено двајцата лидери до крајот на денот и да остварат директна средба . Истите извори не прејудицират што ќе пресечат лидерите, но што се однесува до усогласувањето на ниво на преговарачки групи тоа е завршена работа. Истите извори велат дека засега недостасува само гарантороите на договореното, и веројатно и тоа сега ќе се утврди на средбата меѓу Ахмети и Заев .