Алијанса за Албанците: Имаме сомневања дека ДУИ се коорганизатори на насилствата од 27 април


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Преку пратеникот Агим Шаќири и претседателот на Собранието, Талат Џафери, партијата на ДУИ бранејќи го Трајко Вељаноски, удрија врз законот.

 „ДУИ, фатена за опашка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, заложник на криминалот и корупцијата,  спречија одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски осомничен како главен организатор на крвавите настани од 27 април. Има сомневања дека и тие се коорганизатори на насилството од 27 април и се чини дека се принудени да ги бранат криминалците од ВМРО.

Талат Џафери, вчера не го спроведе барањето на судот за одземање на мандатот на Вељаноски, за да истиот биде испитан слободно од страна на судот, без да се брани под маската на позицијата пратеник. Талат постапи исто како претседателот Иванов, кој одби да го потпише Законот за јазиците и да го ратификува Договорот од Преспа, иако законот и Уставот на РСМ му го наложуваат тоа.

ДУИ, поради своите хипотеки во криминалот и корупцијата, ја земаат на врат иднината на интеграцијата на земјата во ЕУ. Ја потсетуваме јавноста дека лидерите на ЕУ, му поставиле два мошне јасни критериуми на Северна Македонија за отворање на преговори, и тоа: одговорност за 27 април и конечни пресуди за случаите на корупција и скандалот со прислушувањето.

Конечно, време е и СДСМ да го дефинира својот став во врска со дуализмот на ДУИ, која што е на власт со СДСМ, а во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, која беше нејзината улога во целиот овој процес, во одбрана на законот и правдата или во одбрана на криминалот на ВМРО и ДУИ?

И сосема на крај, по која логика обвинетиот Фета Алими треба да лежи во затвор кога сите вистински одговорни лица се амнестираат, па дури стануваат недопирливи од законот?

До кога политичката судбина на Албанците ќе биде диктирана од страна на ДУИ, кои ја продадоа довербата на Албанците во служба на нивниот криминал и заштита на криминалците на ВМРО-ДПМНЕ.

Ја преминавте секоја граница, казнувањето на избори е малку за вас, ќе одговарате“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.