Алијанса 90% рече „да“ – Ковачевски потврди дека во најголем дел се усогласиле со Таравари и компанија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според изјавите кои беа дадени, двочасовната средба одржана зад затворени врати во Влада меѓу преговарачките тимови на премиерот, Димитар Ковачевски и лидерот на АА, Арбен Таравари, вродила со позитивен исход во преговорите.

Таравари 90% кажа „да“ на понудата на владината коалиција за да станат дел од мнозинството. Веднаш по средбата со премиерот, Таравари изјави дека програмски се усогласиле со Владата и додаде дека воопшто не разговарале за кадровски решенија.

-Верувам дека да, но воопшто не разговаравме за кадровски решенија. Сметам дека следните денови треба да ги отвориме и тие прашања.

-Дали ќе се согласите со било какво министерство кое ќе ви се даде?

-Гледајте, не е дека ќе се согласиме баш со сѐ. И ние имаме црвени линии, но денеска воопшто не разговаравме за ова прашање.

Главната точка на програмата на АА за влез во Влада е борба против корупцијата и владеење на правото, теми поврзани со Министерството за правда, кое, според информациите кои протекуваат ќе ѝ припадне на партијата на Таравари. Меѓутоа, тој вели дека најдобар кадар имаат за Министерството за здравство, за кое исто така кружат шпекулации дека ќе ѝ биде одземено на Алтернатива.

Основните претпоставки на ова владино мнозинство се на линија на тоа што Алијанса за Албанци го застапува, а тоа е стратешкото партнерство со САД, продолжување на патот кон евроинтеграции, носење на сите реформски закони и на сите одлуки потребни за продолжување на патот кон ЕУ, изјави вечерва премиерот Димитар Ковачевски пред состанокот на Извршниот одбор на СДСМ, во одговор на прашањето околу денешната средба со лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и можностите за приклучување на оваа партија во владејчката коалиција.

Премиерот Ковачевски напомена дека во најголем процент се усогласиле со Алијанса за Албанците, а во делот на сите други аспекти за можна соработка, разговорите ке продолжат.

– На состанокот со Алијанса за Албанците разговаравме најпрвин за текот на скрининг процесот кој државата го има со ЕУ, за претседавањето со ОБСЕ, за стратешкиот дијалог кој го водиме со САД и акциониот план кој се подготвува од Влада и зборувавме за можното проширување на владиното мнозинство со Алијанса за Албанците. Не разговаравме за кадровски решенија, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во текот на наредните денови ќе имаат состаноци и со Алтернатива.