Home Актуелно Алфите не ги најдоа дома за апсење: Грујовски и Бошковски се во бегство

Алфите не ги најдоа дома за апсење: Грујовски и Бошковски се во бегство

Полициската единица Алфи вчера вечер не успеала да ги пронајде во своите домови поранешниот началник на Петтата управа во Управата за безбедност и контраразунавање (УБК), Горан Грујовски и неговиот соработник Никола Бошковски за кои Врховниот суд ја потврди мерката притвор на барање на СЈО, потврдија за Либертас високи извори од МВР.

Јавноста и експертите и претходно предупредуваа дека тие требаше веднаш да се спроведат во притвор, а не да се чека на одлуката на Врховниот суд и да им се остави можност да избегаат.

Ако тие досега не ја напуштиле земјава, се шпекулира дека можно е да се кријат во седиштето на ВМРО ДПМНЕ во Скопје.

Грујовски и Бошковски се обвинети во предметите „Тврдина“ и „Таргет“ на СЈО за нелегално прислушување илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…