Advertisements
Славни

Ален Делон, сепак, ја доби „Златната палма“ за животно дело во Кан – му ја додели ќерката

Култната актерска легенда Ален Делон, поради неговите лични ставови за одредени јавни прашања во врска со истополовите бракови и посвојувањето деца од страна на таквите брачни заедници, се соочи со петиција организирана со цел да не му се додели „Златната палма“ во Кан за животно дело во филмската индустија.

Сепак 83-годишниот Ален Делон ја прими наградата, а му ја додели неговата ќерка Анушка Делон (28), која исто така е актерка. Единствено таа не го изнавреди славниот актер поради неговите лични убедувања и ставови.

Јунакот на филмовите ,,Самурај” и ,,Замрачување” се соочи со бојкот дури и од неговите колешки , како на пример Салма Хајек, која не дојде во Кан поради ставовите на Делон во врска со истополовите бракови и нивните барања за посвојување деца.

Делон јавно се фали и дека бил голем шармер и имал многу жени, поради што беше покрената петиција и собрани над 20.000 потписи за да не му се даде наградата за животно дело на Канскиот филмски фестивал.

Иако Делон ја доби наградата, сепак тоа не помина без скандал. Откако беше прикажан и филмот ,,Господин Клајн “ од 1976 во кој Делон ја игра главната улога на црвениот тепих се појави актерката Санд ван Рој (28).

Таа на грбот имаше привремена тетоважа и напис „Стоп за насилство над жените”. Оваа актерка лани го обвини режисерот Лук Бесон (60) за силување, во чиј филм глумела во 2017 година, но немало судење поради недостаток на докази.

Advertisements
To Top