Алексис Ципрас на 2 април во Скопје придружуван од министри и бизнисмени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Грчкиот премиер Алексис Ципрас, заедно со грчка делегација составена од министри и бизнисмени, во вторник, 2 април, пристигнува во официјална посета на Северна Македонија.

Приоритетна цел во рамки на агендата од првата официјална посета на еден грчки премиер на Република Северна Македонија е средбата меѓу Ципрас и македонскиот колега Зоран Заев, пренесува Дојче Веле.

Билатерални средби со своите ресорни колеги во Скопје ќе одржат и грчките министри кои ќе го придружуваат Ципрас. По овие разговорите предвиден е состанок на Советот за соработка меѓу Северна Македонија и Грција, односно своевидна меувладина седница по што ќе следи и заедничка прес-конференција на двајцата премиери.

Ципрас во Северна Македонија, како што е порано најавено,доаѓа за да го потврди унапредувањето на соработката меѓу двете земји откако е решен повеќедеценискиот спор околу името, како и за зајакнување на економската соработка. Грчките медиуми јавуваат дека Ципрас во Скопје ќе го придружуваат и претставници на 70 средни и големи грчки компании.

Заев и Ципрас попладнето на 2 април ќе го отворат и Бизнис форумот каде компаниите од двете земји ќе се поврзат и ќе ги разгледаат можностите за можна соработка. Грчкиот премиер, претходно, треба да се сретне и со претседателот на парламентот на Северна Македонија, Талат Џафери.