Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска доаѓа во официјална, и според многу политички параметри, историска посета на Скопје откако Македонија, согласно Преспанскиот договор, го промени своето уставно име во Република Северна Македонија.
На средбата во Скопје со премиерот Зоран Заев се очекува да стане збор за многу прашања поврзани со продлабочувањето на соработката меѓу двете соседни земји. Разговорите меѓу двајцата премиери ќе бидат проследени со средба на Советот за соработка меѓу Грција и Северна Македонија по што ќе следи заедничка прес-конференција.
Ципрас, исто така, треба да се состане со претседателот на парламентот на Северна Македонија, Талат Џафери. Во попладневните часови, Ципрас и Заев ќе присуствуваат на бизнис-форум. Ова е прва посета на еден грчки премиер на Скопје.
Особено е важна и ветувачка идната соработка во одбранбената политика – во рамки на НАТО, но и билатерално. Офицерите од Скопје наскоро ќе се обучуваат во грчката војска. Покрај тоа, Атина би можела да пружи помош во обезбедувањето на воздушниот простор над Северна Македонија.