Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Веќе не е тајна дека уметницата Александра Грант е нова девојка на славниот актер Киану Ривс. Нивното прво заедничко појавување во јавност крена многу прашина во медиумите и јавноста. Особено беше коментиран еден детал од изгледот на Александра – бојата на нејзината коса.
Грант се занимава со скулптура, сликарство, цртање, снимање видео, а пред десет години, а пред десет години таа службено се поврза со Киану.
„Поминуваме многу време заедно и разговараме многу. Некои теми можат лесно да станат опсесивни“, изјави Александра во интервју за списанието „W Magazine“.
Додека некои фанови беа воодушевени кога го забележаа Киану повторно вљубен и среќен, други се нафрлија кон Александра поради тоа што има седа коса и „изгледа постара од жените на нејзина возраст“ (како што коментираа на социјалните мрежи).
Деновиве таа сподели објава на Инстаграм во која се вели дека најновата студија докажува дека побелувањето или појавата на седа коса кај многу жени е поврзана со лекувањето на карциномот на дојка и е поврзано со боење на косата и хемикалии за зајакнување на косата.
View this post on Instagram
„Побелев уште во раните 20-ти и ја боев косата со секоја боја што можев да ја најдам додека почнав да не ја толерирам токсичноста од нив. Во 30-тите години ја оставив косата седа “, напиша таа, потенцирајќи:„ Ако жените страдаат од наметнати стандарди за убавина, ајде да зборуваме за тие стандарди “.