Home Актуелно Александар трет пат во Прилеп, Даниел петти пат во Скопје, Бугарин во Гевгелија – кој каде го фати крстот

Александар трет пат во Прилеп, Даниел петти пат во Скопје, Бугарин во Гевгелија – кој каде го фати крстот

Денес, во речиси сите населени места во Македонија се фрлаше осветен крст во осветена вода во чест на христијанскиот празник Богојавление-Водици.

Крстот во Прилеп го фати 29 – годишниот Александар Велјаноски. На Велјаноски ова му било третпат како на овој празник го фаќа крстот, известија од Општина Прилеп.

Во базенот кај хотелот „Салида“ по крстот влегле 100 верници. Од Општината велат дека ова е рекорден број верници пријавен за Богојавление – Водици.

Томче Голабоски го фати чесниот крст во Струга. Традиционално, положувањето на светиот крст во водите на реката Црн Дрим во Струга претставува посебен чин кога се осветуваат водите, како и ден кога капачите скокаат во вода за здравје и успешна година.

Годинава на овој настан присуствуваше премиерот на Р. Македонија Зоран Заев, како и градоначалникот Рамиз Мерко, кои на стружани им посакаа успешна година многу здравје, среќа и бериќет. Заев на граѓаните им посака добра иднина, здравје, добра волја и соочување со сите предизвици што претстојат на личен и заеднички план.

Дваесет и три годишниот Теодор Цветков од Русе Бугарија е најсреќниот меѓу 40-те мина млади луѓе кои денеска се фрлија во осветените води на реката Вардар кај Гевгелија, пренесе локалниот портал “Гевгелија нет“. Цветков после фаќањето на крстот го развиори и бугарското знаме.

Даниел Дончевски од Ченто по петти пат го фати Светиот крст во водите на реката Вардар што денеска напладне од мостот „Слобода“ кај „Холидеј ин“ го положи архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Дончевски на сите им посака среќа и бериќет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…