Актуелно

Александар Македонски отстранет од скопскиот аеродром

Синоќа од скопскиот аеродром беше отстранет споменикот на Александар Македонски, откако пред неколку дена беше сменет и написот Александар Велики.

Претходно Владата, како дел од отстапките на македонската страна во преговорите за името со Грција, донесе одлука за преименување на скопскиот аердром во Меѓународен аеродром Скопје.

Споменикот на Александар Македонски во внатрешниот дел од скопскиот аеродром беше поставен во 2011 година откако турската компанија ТАВ почна да стопанисува со аеродромот. Споменикот беше подарок од Мурат Орнекол, оперативен директор на концесионерот ТАВ.

Со одлука на Владата преименуван е и автопатот Александар Велики во Пријателство.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top