Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Видео старо 21 година кое беше објавено на Инстаграм лично од славниот бејзбол играч Алекс Родригез, стана вирален хит на социјалните мрежи.
На видеото снимено во далечната 1998 година, тогаш 23-годишниот Алекс Родригез, во едно интервју, дава една изјава која испадна дека е судбоносна и пророчка. Родригез како уште тогаш да знаел дека Џенифер Лопез ќе му биде жена.
Станува збор за интервју со Родригез снимено во далечната 1998 година, кое мокажа дека тој уште тогаш знаел која е неговата совршена половина.
Кога 23-годишниот Родригез го прашале: Со кого би сакал да излезе на средбата од соништата? Одговорот најверојатно го претпоставувате.
„Со Џенифер Лопез. Се надевам дека можете да ми средите средба со неа“, изјавил Родригез пред 21 година.
View this post on Instagram
Тогаш на оваа негова изјава многумина му се смееле, но судбината очигледно имала други планови за нив двајца.
„Едноставно сум имал претчувство. Ова е преубаво“, напиша Родригез под видеото.