Алек Болдвин го имитираше Доналд Трамп – се препукуваа и на Твитер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот американски актер Алек Болдвин се врати во емисијата Saturday Night Live и го изведе првиот скеч за Доналд Трамп после победата на Трамп на претседателските избори во САД.

Болдвин се појавува во улога на новоизбраниот претседател кој се однесува необично и анксиозно изговарајќи ја мантрата „прекрасни гради и прекрасни облакодери“, со цел да се смири откако на интернет го пребарува значењето на зборот IDIL.

Пред изборите Болдвин изрази желба да престане со скечовите во емисијата, но најави враќање доколку Трамп биде избран за претседател.

Трамп, нормално, имаше свој коментар за емисијата кој го објави на Твитер: „Го гледав скечот во Saturday Night Live. Скечот е целосно пристрасен и воопшто не е интересен“.

Следуваше и одговорот.

И потоа малку Твитер препукување.