Алегри сака уште две ѕвезди за „тим од соништата“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Доаѓањето на Кристиано Роналдо во Јувентус направи вистински бум ова лето, но „старата дама“ не сака да застане со засилувањето на тимот.

Тренерот Масимилиано Алегри има долгоричен план и сака да направи „тим од соништата“, а за тоа му се потребни уште две засилувања.

Имено, Алегри сака уште еден дефанзивец и еден офанзивен играч за врска, кои италијанските медиуми ги квалификуваат како „невозможна мисија“.

Веќе подолго време најголема желба на Алегри е доведување на Иско, кого го гледа како иделно засилување за неговиот систем 4-2-3-1, но скоро невозможно е „кралевите“ да го пуштат да замине.

Втората желба е Нголо Канте од Челзи, кој ова лето одби богата понуда од ПСЖ и потпиша нов договор со „сините“. Поради тоа овој фудбалер е недопирлив кога станува збор за трансфер.

Дали ќе му бидат исполнети желбите на Алегри останува да видиме, но Јувентус секако има силен тим со кој атакува на сите трофеи.