Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јувентус во следните неколку дена ќе игра два исклучително тешки натпревари против Милан и Реал Мадрид, а тренерот Алегри соопшти добри новини на пресконференцијата.
Имено, Алегри потврди дека Џорџо Киелини и Хуан Квадрадо се враќаат во тимот и ќе бидат повикани за мечот со Милан.
Киелини сигурно ќе го почне натпреварот во стартниот тим, додека Квадрадо ќе биде на клупата за резерви.
„Квадрадо ќе биде на располагање утре, но сигурно нема да биде во стартниот тим. Киелини е спремен и ќе игра од првата минута. Во моментов не мислам на Реал, туку само на Милан бидејќи наша основна цел е Скудетото“, изјави Алегри.
Сами Кедира, кој имаше лесна повреда по контролниот меч на Германија исто така веќе се врати на тренинзите. Алекс Сандро и Федерико Бернардески се подготвуваат индивидуално и очекувањата се да го пропуштат дербито со Милан. Бразилецот, сепак, може да биде подготвен за Реал, додека за Италијанецот се уште е нејасно кога ќе биде на линија.