Алегри: Многу сум лут на Пјаниќ!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри и покрај победата од 2:0 на гости кај Монако во полуфиналето од ЛШ тврди дека не е 100% задоволен.

„Добро почнавме, но играчите на Монако не ставаа во незгодни ситуации. Во првото полувреме не го држевме своето место, но се подобривме во продолжението. Алвеш остануваше напред со желба да направи нешто, но Барзаљи остануваше сам против двајца во одбрана. Меѓутоа, дадовме голови од контанапади, што е добра за нас“, тврди Алегри.

Тренерот на „старата дама“ потоа потенцираше дека е исклучително лут на Миралем Пјаниќ.

„Многу сум лут на Пјаниќ. Тој може да стане еден од тројцата најдобри играчи за врска на планетава, но од време на време кога ќе погреши некој пас се однесува како да е крај на светот. Мора да остане мирен, опуштен, бидејќи поседува огромен потенцијал кој го изразува само делумно“, заклучи италијанскиот стратег.