Албум со 42 песни – ново издание на Џони Штулиќ, дел се на македонски јазик


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бранимир Џони Штулиќ, фронтменот на некогашната култна рок-група Азра, ја израдува својата публика со 42 песни снимени на албумот „Каверн“, кој е бесплатен за преслушување. Еден број од песните се испеани на македонски јазик и се инспирирани од македонското творештво.

Штулиќ албумот го постави на својот Јутјуб-канал. Во буквален превод каверн значи пештера и симболизира враќање кон изворните вредности, а во втора смисла го повикува времето на раните Битлси.

Бранимир Џони Штулиќ стана рок-икона на поранешните ЈУ-простори во раните осумдесетти години со десетици музички нумери, кои се слушаат и ден денес. Во времето на Азра загрепскиот рокер Штулиќ, инаку роден во Скопје во 1953 година, беше изразит критичар на функционирањето на тогашниот државен систем, а по распадот на Југославија остана критичар на новите власти во новосоздадените држави. Тој во тие времиња ја напушти земјата и живее во Холандија. Многу ретко се огласува во јавноста и остана мистичен како и некогаш.

Еден број од песните Штулиќ ги испеа на македонски јазик и се инспирирани од македонското творештво.