Албанските партии на прегласувањето во Теарце пресметката им ја препуштаат на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претставниците на партиите на Албанците во Македонија изјавуваат дека за прегласувањето во Теарце нема да водат никакви кампањи, нема да се мешаат и ќе ги остават и Македонците и Албанците сами на мир да си решат како ќе гласаат во недела.

Македонските партии сами нека си решат, ние нема да даваме поддршка на ниту една, велат претставниците на ДУИ, Беса и на Алијансата за Македонија.

На прегласувањето во Теарце, на избирачкото место 2.011, има можност да се смени конечниот резултат во освоените пратенички мандати меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Затоа, велат претставниците на партиите на Албанците во Македонија, тие нема да водат кампања за поддршка на пратеничките листи за ниту една партија.

За ДУИ е важно изборите да бидат слободни и демократски, како и граѓаните да имаат можност слободно да ја изразат нивната волја, но тие нема да се мешаат во нивниот избор.

Биљал Касами, претседателот на Беса вели дека нема да фаворизира ниту еден македонски субјект и дека гласачите имаат право сами да одлулчат како е најдобро за нив.

И од Алијансата за Албанците порачуваат дека нема да поддржат ниту една партија и дека ВМРО ДПМНЕ и СДСМ треба сами да си ги решат проблемите.

Според неофицијалните пресметки, СДСМ ќе треба да освои 304 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ за да може да освои едно пратеничко место повеќе, по што изборниот резултат би бил 50:50.

Разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Изборната единица 6 е 307 гласа во корист на владејачката партија.