Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Законот за употреба на јазиците, кој веќе ја доби конечната форма, предвидува унапредување на официјалната употреба на албанскиот јазик, или како што се вели на јазиците на етничките заедници кои сочинуваат повеќе од 20 проценти од вкупниот број на населението во Македонија, јавува АлсатМ.
ЗАКОН ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ
Член 1
(1) На територијата на Република Македонија и во меѓународните односи, официјален јазик е Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
(2) Друг јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните (албанскиот јазик) е, исто така, службен јазик и нејзината азбука, во согласност со овој закон.
(3) Во сите органи на централната власт, државните институции, јавните претпријатија, директориуми, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања во согласност со закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо е исто така и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија, во согласност со овој закон.
Усвоениот Закон предвидува во институциите на централно ниво како во Собранието, Владата, судските органи и другите институции како во пишување така и во зборување да се користи јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија.
Според Законот, на владини состаноци, официјален јазик покрај македонски ќе биде и јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Македонија. И овде, исто така, се предвидува ако седниците ги води некој нејзин член, кој зборува различни јазици од македонски јазик, да може да го користи јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Македонија. Сите владини одлуки, стенограми и други акти ќе бидат објавени на два јазика.
ЗАКОН ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ
Член 5
(1) Во работата на Владата на Македонија официјален јазик е Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Македонија и неговото писмо.
(2) Седниците на Владата на Македонија се одржуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо.
(3) Кога со седниците на Владата, комисиите и колегиумот раководи избран функционер или назначен кој зборува различен јазик од македонскиот јазик и што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Македонија, истите ги води на тој јазик и писмо.
(4) Избран или назначен функционер кој зборува друг јазик освен македонскиот јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Македонија, на владини седници, владини комисии и колегиуми, зборува на свој јазик.
(5) Избраниот или именуван функционер кој зборува јазик различен од македонскиот, кој ги зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија, ги добиваат материјалите на време, односно ги доставуваат на време на својот јазик и писмо за да служи за време на владините седници, на комисии или колегиуми.
(6) Стенограмите на владините седници, седниците на комисиите и колегиумите како и материјалите и документите кои се издаваат и чуваат на македонски јазик и неговото писмо и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговата азбука.
(7) Сите акти донесени од Владата на Република Македонија се објавуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.
Употребата на албанскиот јазик се унапредува и во правосудните институции, истражните, пред – истражните, извршните, административните постапки, нотарските акти, матичната книга, изводи од матичната книга на родените, како и на други постапки. На двата јазика се издаваат личните документи, но на барање на сопственикот. На двата јазика се објавуваат и натписите на институциите на централно ниво и во општините каде што најмалку 20 проценти од граѓаните на Македонија, зборуваат различни јазици од македонскиот јазик. Според член 18, имињата на улиците, плоштадите, мостовите и другите инфраструктурни објекти во општините каде што најмалку 20 проценти од населението зборуваат различен јазик од македонскиот и во Скопје, се пишуваат на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од населението.
Албанскиот јазик наоѓа примена и на граничните премини и на аеродромите, но во оние региони каде што најмалку 20 проценти од населението зборуваат различен јазик од македонскиот. Двојазичноста се користи и на полициските униформи, кај пожарникарите и здравствените работници, во општините каде што над 20 проценти од населението зборуваат различни јазици од македонскиот, што подразбира на албански јазик, каде се вклучува и градот Скопје.
Банкнотите и поштенските марки нема да бидат на два јазика, но ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на етничките заедници кои зборуваат најмалку 20 проценти од другите јазици, освен македонскиот. Спроведувањето во пракса на усвоениот закон се очекува да го направат двете институции, агенцијата за спроведување на јазиците и инспекторатот за употреба на јазиците.
Агенцијата ќе биде финансирана од владата со годишен буџет од 1,7 милиони евра. Предвидено е дека една година по стапувањето во сила на Законот, сите институции да ги усвојат подзаконските акти за негово спроведување. За непочитување на Законот се предвидени казни во висина од 4 до 5 илјади евра за институциите и 30 проценти од оваа вредност за службените и одговорните лица во државните органи.
Исуф Кадриу за АлсатМ