Албански полицајци и цариници уапсени за шверц на 10 тони марихуана


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дваесетина албански полицајци и царински службеници беа уапсени под сомнение за здружување, за да помогнат за пренесување на над 10 тони канабис во Италија, соопштија денеска обвинители, цитирани од Ројтерс.

Шефот на полицијата во главниот пристанишен град Драч, четворица специјалисти за борба против дрогата и царински и полициски службеници во Драч и на царински пункт со Македонија се обвинети за шверц на два камиони, натоварени со канабис, во февруари и март. Обвинителството смета дека тие создале мрежа, за да го обезбедат преминувањето на камиони со дрога од Албанија во Италија, изјави од канцеларијата на главниот обвинител, цитиран од агенцијата.

Модерна апаратура за скенирање во Драч често открива канабис и други дроги, скриени на неверојатни места во камиони кои патуваат кон Италија, но таа не можела да „види“ осум метрички тони едвај прикриена марихуана во камион на 5 февруари.

Патувајќи кон Белгија, камионот бил запрен од италијанската полиција откако пристигнал на пристаништето во Анкона. Албанската полиција негира дека направила пропусти во Драч, но втор камион со 2,2 метрички тони канабис беше фатен во Италија на 24 март.

Албанија се смета за најголемиот производител на канабис на отворено во Европа. Владата на премиерот Еди Рама го искорени масовното култивирање на отворено на марихуана во јужното село Лазарат во 2014 година, но две години покасно одгледувањето на канабис на отворено се шири во за неколку пати поголем регион.

Италијанска, албанска и понекогаш грчката крајбрежна стража учествуваат во гонење на отворено Море на моторни чамци, натоварени со канбис. Тела на четири лица, кои управувале такви моторни чамци, беа исфрлени на брегот неодамна.