Албанки и Косоварка уапсени во угостителски локал во Желино


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дванаесет странски државјанки без документи за престој биле откриени и приведени во угостителски објект во тетовското село Желино, информира СВР Тетово.

Полицијата информира дека при контрола во локал во селото Желино, на регионалниот пат Тетово – Скопје, биле уапсени 12 странски државјанки. Контролата била извршена ноќеска од 23 до 2.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово.

Во угостителскиот објект сопственост на З.С. од Желино биле пронајдени и приведени 11 девојки од Албанија и една од Косово бидејќи не поседувале документи за престој.