Албанка со потекло од Косово ќе пее во финалето од Лигата на шампионите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Финалето во Лигата на шампионите кое ќе се игра во Киев е се поблиску (26 мај), а денес беше објавено и која ќе биде пејачката која ќе ја загрее атмосферата на стадионот.

Популарната Дуа Липа која живее во Лондон ќе ја има честа да пее во финалето во кое ќе се сретнат Реал Мадрид и Ливерпул.

Липа е Албанка која е родена 1995 година во Косово, но никогаш не ги прекина односите со родниот крај.

„Почестена сум што добив повик за настап во финалето во Лигата на шампионите. Тоа е прилика која се добива еднаш во животот. Не можам да дочекам да запеам пред преполниот стадион, среќна сум што ќе бидам дел од тој спектакл“, изјави Липа.