Алармантно најлоша година за лозарите


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Лозарите апелираат дека оваа година дефинитивно е најлоша за лозарството и ситуацијата во гранка е алармантна.

Од една страна родот е преполовен заради сушата а од друга страна винариите го зголемија прагот на шеќерните единици преку што им ја намалија откупната цена. Во ваква состојба лозарите бараат спас од владата но покрај дополнителни субвенции бараат и долгорочно да ги заштита од алчноста на винариите преку закон кој ќе биде по теркот на законот за тутун.

Лозарите бараат годинава откупните цени да бидат 16 денари за Смедеревка и 18 за Вранец наместо понудените просечни 10 со 12 кои се пониски дури и од ланските. Лозарите поддршка за барањето фер откупни цени од винарите добија од сите производни региони како и од националната федерација на фармери.

Во образложувањето на ставките од буџетот премиерот Заев вчера потврди дека е донесена одлука лозарите да се подржат најмалку со еден денар по килограм како лани а во зависност од можностите и повеќе но паралелно се преговара и со винариите околу шеќерните единици.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев потврди дека заклучокот од состанокот со премиерот и министерот за земјоделство е владата ланската субвенција од еден денар да ја исплати до четврток а заради сушата повторно да се донесе интервентна мерка со тенденција тоа да биде двојно повеќе од лани.