Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави воведување на најригорозни мерки досега, од почетокот на епидемијата, поради енормниот скок на бројот на заразени, кои вклучуваат продолжување на полицискиот час во сите денови и преку викенд, пренесува 360 Степени.
По седницата на Владата, Ердоган изјави дека полицискиот час од денеска ќе трае од 21 до 5 часот секој работен ден и за викендите.
За време на одредени периоди за време на полицискиот час, ќе можат да работат продавниците за стоки и услугите за доставување храна.
Луѓе постари од 65 години и помлади од 20 години, на кои им е дозволено да поминуваат само три часа на ден надвор, нема да смеат да користат јавен превоз, а на семејнитте собири како свадби и погреби може да има најмногу 30 лица. По силниот притисок од здравствените работници и јавноста, Турција од минатата недела повторно започна со пријавување на вкупниот број на позитивни тестови, за разлика од претходно, кога изминатите 4 месеци објавуваше само број на заразени кои имаат симптоми, а не и асимптоматските случаи.
Со промена на методологијата, бројот на новоинфицирани лица се зголеми на околу 30 000 за еден ден, со што Турција е една од земјите најпогодени од пандемијата. Властите вчера пријавија 31 219 новоинфицирани пациенти и 188 смртни случаи.
Откако беа забележани рекорден број смртни случаи осум последователни дена, бројот на жртвите од компликации од коронавирусот достигна 13 746. Турција бележи значително поголем број на инфекции оваа есен отколку минатата пролет, кога полицискиот час беше во сила само за време на викендите и празниците.
Во претходните две недели, полицискиот час беше во сила само во вечерните часови за време на викендите, но таа мерка не даде резултат затоа што многумина не ја почитуваа, а медиумите објавуваа снимки на преполни јавни места.
Според официјалните податоци, исполнети се 71% од капацитетите на одделите за интензивна нега.