Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сите вработени од српската амбасада во Скопје биле повлечени на итни консултации во Белград, дознаваме неофицијално од дипломатски извори. Нема информации која е причината за повлекувањето.
Во меѓувреме се дознава дека од македонската полиција било побарано зголемено обезбедување на објектот.
Засега никој не дава официјална потврда на овие информации.
Амбасадорката на Србија Душанка Дивјак Томиќ за агенцијата Бета изјави дека не може да коментира и преку СМС порака на дописникот на агенцијата од Македонија му порачала да се јави утре во Министерството за надворешни работи во Белград.