Ал Пачино на 79 години ја сними првата серија во неговата повеќедецениска кариера


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Славната холивудска актерска легенда Ал Пачино, на 79-годишна возраст, ја сними својата прва серија во неговата богата актерска кариера која трае повеќе од 50 години. Според првичните оценки, станува збор одлично достигнување.

Легендарниот актер во кариерата има снимено само една мини-серија (со Мерил Стрип), една за „Кум“, три ТВ филмови и една епизода на N.Y.P.D. уште во 1968 година, што беше негова прва улога. Но, во последниве години, сè повеќе sвезди снимаат серии, а сега им се придружи и 79-годишниот Пачино.

Серијалот „Hunters“ следи група на измислени нацисти во Њујорк во 1977 година, а ќе биде достапен од утре на Amazon Prime Video. Патем, оскаровецот Џордан Пил е еден од извршните продуценти на серијата.

Пачино е главниот ловец во серијата, Мејер Оферман, кој го преживеал Аушвиц . Тој се збогатил по војната и сега ги вложува своите ресурси за да им се одмазди на оние кои ја избегнале правдата.