Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, почнала со собирање на потписи за формирање на партија.
Според пристапницата со која располагаме, партијата ќе го носи името „Правда“, а седиштето на партијата ќе биде на ул. Ѓорче Петров бр.49, адреса која според податоците на бизнис мрежата е лоцирана каде што се наоѓаат фирмите на нејзиниот најблизок соработник во сенка Драган Митковски, пренесува Фокус.
Кои се луѓе би можеле да бидат дел од нејзината партија, ако се формира не се знае. Но, едно е сигурно дека тука ќе биде нејзината десна рака, генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, како и еден од најблиските соработници во сенка, Митковски, воедно близок до нејзиниот татко Ванчо Јовановски.
Тие и досега и останаа едни од најверните соработници, иако откако Арсовска седна на градоначалничката фотеља, таа за кратко време се скара и со „вмровците“, но според нашите информации нема добра соработка и со дел од вработените во Град Скопје.
Арсовска кога се кандидираше за градоначалник на Скопје не и беше позната на јавноста. Единствено што се знаеше за неа е дека дооаѓа од редовите на Сојузот на Стопански комори, кој го предводела со години.
Но, за кратко време во јавност почнаа да излегуваат бизнисите и имотот на нејзиниот татко.