Акција за чистење на дивата депонија кај заводот „Ранка Милановиќ“ во Скопје


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во рамките на неделата посветена на подигнувањето на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска започна акција за чистење на дивата депонија во дворот на Управната зграда на Заводот за згрижување „Ранка Милановиќ“, на улицата Перо Наков, во скопската општина Гази Баба.

Почетокот на акцијата го означија директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот на општината Гази Баба, Борис Георгиевски, коишто упатија апел до граѓаните совесно да постапуваат со својот отпад и на тој начин да ја заштитат својата животна околина.

„И оваа локација претставува црна точка каде што континуирано се случува несовесно одлагање на отпадот и создавање на диви депонии. Наша крајна цел е во целост да ја спречиме појавата на овие црни точки на територијата на градот Скопје. Уверени сме дека тоа ќе го постигнеме само во соработка со граѓаните до коишто апелираме правилно да го одлагаат својот отпад, затоа што секој од нас преку својот однос и своите постапки сноси лична одговорност за заштитата на животната средина.“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани.