Акција во Скопје: Санкционирани над 150 возачи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во времето од 6 до 24 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Притоа, како што јави МВР, санкционирани се 55 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

Синоќа од 20 до 1 часот спроведена е и акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 46 возачи, за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 26 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 12 прекршочни платни налози.