Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Утрово во акција на оддделот за организиран криминал при МВР и Обвинителството за организиран криминал се приведени десетина лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески.
Станува збор за истрага за оттуѓување, односно продажба на државно земјиште, по несоодветна постапка, со што буџетот е оштетен за над 2,5 милиони евра. Акцијата е резултат на неколку месечна сеопфатна предистражна постапка.
Меѓу уапсените, покрај државните службеници од транспорт, вработени во катастар и нотари, има и еден сопственик на фирма, како и државен правобранител со надлежност за град Скопје. Откриените нелегалности се однесуваат на три парцели за хотелски комплекс покрај Вардар од другата страна на градскиот парк во Скопје. Проневера е извршена и со парцелата на која требаше да се градат шпанските скали во центарот на Скопје. Еден осомничен досега не е најден и прииведен, а останатите во моментов се во суд.
Повеќе детали од акцијата МВР најавува во текот на денот.