Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Денот на независноста“ („Independence Day“) беше еден од најголемите акциони филмски хитови во ’90-те години од минатиот век.
Научно-фантастичната акција од 1996 година на Вил Смит му донесе заработка од неколку десетици милиони долари, но улогата која тој ја толкуваше, капетанот Стив Хилер, можела да му припадне на еден друг актер и ѕвезда од светот на Холивуд, кој откако го прочитал сценариото, го фрлил од автомобил во возење сметајќи дека е глупаво.
За време на гостувањето во шоуто кај Конан О’Брајан, актерот Итан Хок објасни поради што ја одбил улогата во овој научно-фантастичен блокбастер од крајот на минатиот век.
После снимањето и успехот со романтичната драма „Reality Bites“ од 1994 година, Хок бил опсипан со филмски понуди. Веднаш после тоа, Итан заедно со еден пријател патувале по САД и решиле да се упатат кон Мексико.
„На пријателот му го читам сценариото за Independence Day и му велам: Нели е ова ужасно? Е.Т. се јавува дома – тоа е глупаво“, се потсетува Хок и додава дека дошол до точка во сценариото кога буквално го фрлил низ прозорецот од автомобилот возејќи се по некој тексашки автопат.
Кога во 1996 година излезе споменатиот филм, Итан одлучил да го гледа во кино, каде набрзо сфатил дека направил грешка во проценката на делото. „Сите сакаа да го гледаат Independence Day. Си помислив: ОК, ќе биде забавно да се види колку е лош“, си го враќа „филмот“ славниот актер за премиерата на „Денот на независноста“.
„Влегов во киното, проекцијата очигледно беше распродадена. Вил Смит ја изговори реченицата со Е.Т., а кино салата експлодираше од реакции. Мислам, филмот практично доби овации. Седам таму и си мислам: Господе боже. Навистина не сум ја сфатил шегата“.
„Independence Day“ стана еден од филмовите со најголема заработка во историјата на западната филмска индустрија. Имаше вкупни приходи од над една милијарда долари. Освен тоа, го етаблираше Вил Смит како акциона ѕвезда, која во следната деценија глумеше во голем број нови филмски хитови.
За спореддба, после одбивањето на главната улога во „Independence Day“, кариерата на Хок беше во опаѓање. И денес се држи главно до помали улоги во „инди“ филмови, со понекој проблесок во некој блокбастер повремено.