Актерот Хоакин Феникс се онесвестил од преголем напор на снимањето на новиот хорор филм на кој работи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот холивудски актер Хоакин Феникс се онесвестил за време на снимањето на една од сцените од неговиот нов филм – „Бју е исплашен“ (Beau is Afraid).

Остварувањето на режисерот Ари Астер наводно било толку тешко за снимање, што Феникс во еден миг, просто – колабирал. Во оваа хорор-драма, тој глуми параноичен човек кој влегува во мистериозна сообраќајна несреќа, завршува на некое бизарно место и се обидува да се врати кај својата мајка, одглумена од Пети Лупон.

Режисерот на хорор-филмови е познат по многу интензивните наративи и експлицитните сцени, а овојпат тие биле „премногу“ дури и за оскаровецот Феникс.

– Феникс помагаше во сцена со Лупон, па и тој беше во неа. Беше многу интензивна сцена за Пети и таа беше во кадарот, а Хоакин само се урниса. Бев навистина лут бидејќи постигнавме навистина добар кадар, раскажува Астер.

– Сè тоа ми беше збунувачки, отидов зад аголот и видов дека Феникс колабирал. Знаев тогаш дека тој не е добро, бидејќи луѓето го поткреваа и се обидуваа да му помогнат, а ако дозволил така, тогаш навистина му се слошило… Има нешто поетско во тоа дека паднал „во туѓа сцена“, заклучи режисерот.

Филмот ќе биде прикажан на 21 април 2023 година.