Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
После изборниот резултат во првиот круг од претседателските избори кој се одржа минатата недела, на трибина во скопската општина Карпош, премиерот Зоран Заев апелираше дека ја примил и тој, но и сите во СДСМ, пораката од неизлегувањето на гласање на апстинентите во овој изборен циклус, најавувјаќи чистка во внатрешноста на моменталната владејачка партија.
Тоа го инспирираше и мотивираше актерот Драган Спасов Дац да му купи метла на Заев и да му ја врачи за време на трибината, симболично порачувајќи му дека навистина треба „да зачисти во партијата“.
„Не беше ништо испланиранирано, ни намерно. Во моментот кога премиерот Заев говореше дека е неопходна чистка во партијата, станав и отидов до локалниот маркет и купив метла. Тој прво се збуни, не искоментира ништо и ме праша само: Ова за мене ли е? Одговорив: Да! Затоа што искрено мислам дека на паријата и е неопходна чистка“, изјави Дац за СакамДаКажам.мк.
Пред нешто повеќе од една година, во јануари, 2018, откако беше поставен на местото директор на Македонскиот народен театар, Драган Спасов направи мала сообраќајна несреќа во која со својот приватен автомобил удри пешак. Овој инцидент беше доволна причина за Дац да реши да понесе морална одговорност како раководно лице на една културна институција и си поднесе оставка од директорската функција.
„Јас згрешив и си поднесов оставка од морални причини.Но, погрешив во мое приватно време со приватна кола.Не му погрешив на театарот,ни како директор ни како глумец“, објасни Дац.