Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Организаторите на италијанскиот X Фактор, објавија дека Арџенто повеќе нема да биде дел од жирито.
Италијанската актерска и режисерка, Асија Арџенто е една од предводничките на движењето #Metoo, која и самата е обвинета за сексуално злоставување, исклучена е од претстојното италијанско телевизиско шоу.
Организаторите обвјавија дека Арџенто повеќе нема да биде дел од жирито.
„Во договорот со Асија одлучивме да ја прекинеме нашата соработка за да ги заштитиме натпреварувачите од аферата која со нив нема никаква врска и тоа само би го пренасочувало вниманието“, напишаа продуцентите на својот Твитер профил, пренесува агенцијата.
Весникот „New York Times“ изминатиот месец објави дека Арџенто му плаќала 380.000 долари на актерот Џими Бенет откако ја обвинил за сексуално злоставување во еден калифорниски хотел во 2013. година кога имал 17 години.