Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Атлетико Мадрид веќе има готов план, ако во летниот преоден рок Антоан Гризман реши да си замине од „Ванда Метрополитано“.
Португалскиот весник „Рекорд“ пренесува дека „јорганџиите“ ќе се насочат кон младата португалска ѕвезда, Жоао Феликс.
19-годишниот офанзивен играч за врска оваа сезона блеска во дресот на Бенфика и го привлече вниманието на многу европски гиганти,а во договорот има откупна клаузула од 120 милиони евра.
Неодамна медиумите пренесоа дека Јувентус се обидува да го донесе Жоао Феликс и испратил понуда од 75 милиони евра, која експресно била одбиена.
Бенфика одбива да преговара, па заинтересираните клубови ќе треба да ја платат откупната клаузула, а Атлетико наводно е спремен да го направи тоа.
https://twitter.com/PremLeaguePanel/status/1117526445620957184
Откупната клаузула на Гризман изнесува исто така 120 милиони евра, па доколку Французинот замине, „јорганџиите“ се спремни целата сума да ја вложат во португалскиот „вундеркинд“.
Сепак, ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за Феликс силен интерес покажуваат уште Манчестер Сити, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн Минхен…