Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Светот во шок и неверување ја дочека веста за исчезнувањето на авионот со кој леташе новото засилување на Кардиф, Емилијано Сала, кон Англија каде што требаше да ја продолжи својата фудбалска кариера.
Официјална потврда за што се случило се уште нема, но со оглед на тоа колку време помина, шансите за добри вести се минимални. Клубовите се огласуваат, а навивачите се опростуваат од аргентинскиот напаѓач.
Во медиумите се појави и аудио снимка која фудбалерот ја испратил во „WhatsApp“ групата со играчите на Нант.
Сала во снимката иако со шеговит тон зборува дека авионот може да се сруши на парчиња. Откако се пошегувал им порачал: „Ако не слушнете ништо од мене за час, час ипол тогаш ќе ви биде јасно што се случило“.
Петнаесетчасовната потрага по авионот, кој се изгуби од радарите над Ла Манш, синоќа беше прекината поради темница, без да бидат најдени делови од малиот авион или телата на фудбалерот и пилотот.