Ако возите пребрзо во Естонија, со казната добивате и нешто многу пострашно


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Естонската сообраќајна полиција се надева дека ќе го намали бројот на возачи кои возат пребрзо со новиот метод кој го имаат замислено при процедурата на казнување на несовесните учесници во сообраќајот.

Идејата им е, освен паричната казна за пребрзо возење, на несовесните возачи да им делат и картички за донирање органи.

Естонија има богата мрежа на камери за мерење на брзината на движење на патиштата, со што е позиционирана во врвот на европските земји со црна статистика за пребрзо возење. Годишниот за ваков прекршок се казнуваат од 1 до 15 насто од вкупниот број на естонски возачи.

„Секако, не очеквуаме дека оваа кампања ќе го зголеми бројот на донирани органи, но се надеваме дека возачите ќе бидат принудени да размислат малку повеќе и да намалат со брзината“, вели Андрес Синимери, шеф на сообраќајната полиција од естонскиот град Парнуа.

„Доаѓа зима и патиштата стануваат лизгави. Во такви услови брзината убива“, предупредува тој.

И возачите сметаат дека со оваа кампања барем некои од возачите ќе станат посовесни за тоа во што се впуштаат кога возат пребрзо.

„Тоа е добра идеја“, вели Имре Аија, фатен како вози пребрзо на естонските патишта.