Home Живот и здравје Ако ви требаат совети за безбедност на вашите деца – искуството од ЦИА и ФБИ е тука да ви се најде

Ако ви требаат совети за безбедност на вашите деца – искуството од ЦИА и ФБИ е тука да ви се најде

Трејси Волдер е поранешна агентка на ЦИА и специјален агент на ФБИ чие работно искуство ѝ помогнало да ги заштити сопствените деца со поголема претпазливост, како што тврди таа, па сега ги споделува своите совети до родителите на деца на училишна возраст.

Така, Трејси пред сѐ, ги предупредува родителите да не ги ставаат личните податоци на своето дете на надворешната страна на училишниот ранец.

– Тоа изгледа како најдоброто нешто што за во случај детето да ја изгуби чантата, но сепак, тоа е погрешно. Ставете ги Вашите лични податоци, на пр. Вашата адреса, во внатрешноста на чантата, нагласи Волдер.

Таа вели дека кога личните податоци се прикажани однадвор, непознат човек може да ги види и да го повика детето со неговото лично име, што може да доведе до создавање и стекнување лажна доверба и злоупотреби.

– Исто така, наместо да го напишете бројот на детето или на Вашиот сопствен мобилен телефон на чантата, обидете се да го научите детето да ги запомни тие броеви. Ако не успее, разбирам, може да биде тешко за малите деца… Напишете го на внатрешноста од ранецот, додаде таа.

За секогаш да знае каде ѝ се децата, Волдер користи „Ертег“ (AirTag), прикачен на нараквицата на детето. И, на крај таа советува да не се објавува училиштето на социјалните мрежи.

– Тоа е личен избор ако сакате да споделувате фотографии од Вашите деца, но никогаш не знаете кој може да ги види податоците за местото каде живеат или каде што децата одат на училиште. Тоа лесно се наоѓа на интернет, но барем не им олеснувајте на туѓинците, советува искусната мајка.

Watch on TikTok

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Работи за кои не сте ни свесни сè додека не добиете бебе

Работи за кои не си свесен додека не добиеш бебе Без оглед на сите подготовки, секогаш пос…