Advertisements
Живот

Ако уште се мачите со настинка, овој напиток му е мајката како лек

Црното вино варено со ароматични зачини и со мед е вкусно и лековито. Богато е со витанин Ц што го прави мелем за јакнење на имунитетот, а состојките кои се додаваат го зголемуваат антивирусното дејство.

Подготовката е многу едноставна. Загрејте чаша вино, а потоа додајте чаша вода, лажица мед, малку црн пипер, четири каранфилчиња, мала лажичка цимет и лушпа од портокал. Сето тоа варете го на умерена температура и кога ќе се загрее, но пред да зоврие, тргнете го од ринглата. Може да се додаде и ѓумбир и лимон, кои исто така се богати со витамин Ц и даваат побогат вкус.

Испијте го виното додека е топло, а бидејќи ќе се испотите после овој „еликсир“ излегувањето одложете го за подобри денови.

Advertisements
To Top