Авто мото

Ако упорно не ставате појас додека возите – новите Chevrolet модели не се за вас

Луѓето се такви, во голема мера инаетливи, кога ќе решат да опструираат нешто кое не сакаат да го прават, па макар било тоа и за нивно најголемо добро.

Од такви побуди, возачите пронашле начин како да го исклучат иритирачкиот звук кој се јавува кога појасот не е ставен. Но, од Chevrolet се одлучиле на подрастичен чекор со цел возачите да не можат да најдат солуција за да не стават безбедносен појас.

Под називот „Buckle To Drive”, Chevrolet вовел систем по кој автомобилот не му дозволува на возачот да го стави менувачот во брзина сè додека не стави појас.

Овој систем е дел од кампањата на автомобилскиот бренд за возењето на тинејџерите, која им овозможува на родителите да ги следат возачките навики на своите деца со помош на ограничување на брзината и безбедносни системи чие вклучување го активира и автомобилот.

Chevrolet’s new industry-first Buckle to Drive feature, embedded in Teen Driver mode, is the latest feature designed to encourage young drivers to develop safe driving habits right from the start. (Photo by John F. Martin for Chevrolet)

Системот за ставање на појас работи на едноставен принцип – ако автомобилот е вклучен без ставен појас, менувачот се блокира до 20 секунди или додека возачот не го стави појасот. Меѓутоа, системот се гаси по истекот од 20 секунди, а од Chevrolet објаснуваат дека е лимитиран на тоа време бидејќи 70 отсто од возачите пробуваат да го придвижат автомобилот во тој период по вклучување на автомобилот.

“Поради тоа сметаме дека времето од 20 секунди ќе создаде природна навика и ќе ги охрабри тинејџерите да го стават појасот пред да го придвижат автомобилот”, велат од General Motors, кој е сопственик на Chevrolet.

GM не е првиот произведувач кој вовел ваков систем – сличен постоел во законот пред 40 години. Владата на САД во 1974 година условувала возилата да го закочуваат стартот на моторот додека не се стави појас. Меѓутоа, поради притисокот од јавноста, овој закон бил отстранет, а воведен е закон за систем за предупредување во возилото за врзување на појас.

Advertisements
To Top