Home Актуелно Ако Трајко не сака, Ферид ќе сака

Ако Трајко не сака, Ферид ќе сака

Доколку претседателот во заминување на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, од било која причина одбие да го свика новиот собраниски состав, тогаш таа чест ќе му припадне на највозрасниот избран пратеник на последните избори на кои се бираше новиот пратенички состав, а во случајот тоа е 73 години возрасниот универзитетски професор Ферид Мухиќ, од коалицијата предводена од СДСМ, пренесува Мета.

Имено, откако Управниот суд ја уважи тужбата на СДСМ и го поништи гласањето на избиричкото место 2011 во Теарце, на 25 декември, со одлука на Државната изборна комисија (ДИК), треба да има прегласување на ова гласачко место.

На почетокот на неделава, лидерот на  ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, соопшти дека извршниот комитет на партијата донел одлука, меѓу другото, и да не учествува и да не ги признае резултатите од евентуалното прегласување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…