Ако сте во врска или имате симпатија – запамтете ги овие 10 бонтон правила за на Фејсбук


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Некои работи дефинитивно треба да останат во четири очи, а не да завршат на нечиј Фејсбук ѕид, изложени пред очите и на останатите членови на социјалната мрежа.

Колку што можат да бидат корисни, социјалните мрежи можат да бидат уште поопасни кога на нив откриваме повеќе отколку што треба од нашиот приватен живот. Не станува збор само за приватни информации како број на мобилен или адреса, туку и за преференци и тајни кои навистина не треба секој да ги знае.

Еве кои бонтон правила за меѓусебни односи треба да ги почитувате ако сте активен корисник на Фејсбук, а сакате да оставите позитивен впечаток кај останатите.

1. Статусот за врска е заедничка одлука

Многу проблеми можат да произлезат од една едноставна промена на љубовниот статус на вашиот Фејсбук профил, било да станува за физичка врска или за раскин. Ако само еден од вас стави дека е слободен, а другиот партнер нема поим за тоа, ќе се запраша што се случува и ќе настане цела драма околу тоа.

Исто така, ако ставиш статус дека си во врска, а тој/таа не сака вашиот однос да се дефинира и да стане официјален, може да дојде до недоразбирање и лутење. Зошто воопшто да се јавно да се објавува дека сте во врска? Тоа е релевантен податок само за оние кои ви се блиски. А на Фејсбук не ви се сите блиски.

2. Сосема е ОК да барате нови пријатели преку веќе постоечките

Но не е ОК ако лежерно го прескокнете „посредникот“ и на некој/а непознат/а му пратите барање за пријателство само затоа што сте ги виделе на листата со пријатели од некој ваш заеднички пријател/пријателка. Ќе биде малку чудно, ама ова дефинитивно го прават речиси сите на Фејсубк.

3.Ова за девојките – првин прашај пред да пратиш барање за пријателство на бившиот дечко од некоја твоја пријателка или било кој со кого била блиска во романтична или сексуална смисла

Тоа едноставно е дел од пријателскиот кодекс кој не треба да го кршите.

4. Не праќај му барање за пријателство на типот со кој излегува твоја пријателка ако не се познавате од претходно

Ако го направиш тоа, пријателката може да стане сомничава и да си помисли сешто. Зауздај ја својата љубопитност.

5. Во ред е да останеш пријател на Фејсбук со некој со кој претходно си излегувал/а

Ако одлучите да раскинете или да не се гледате некое време, не мора веднаш да се бришете од Фејсбук. Сепак, возрасни луѓе сте, па треба како такви и да се однесувате.

6. Избегнувајте да објавувате статуси, слики, видеа или слични работи од пропаднатата врска

Верувајте, ретки се тие кои ги интересира дека вашата сега веќе бивша љубов била шупак или кучка. Ако ви треба совет или нечија реакција, обратате се до некој близок, а не јавно на Фејсбук само за да се испукате.

7. Некои информации задржете ги за себе

Фотографиите кои откриваат отфазла чувајте ги во приватна колекција, а лутината кон бившиот или бившата или кон некој/а пријател/ка задржете ги за себе. Исто така, не мора сите да знаат дека синоќа сте се „убиле“ со алкохол.

8. Треба да ја знаете разликата помеѓу објава на нечиј ѕид и приватна порака

Прашање од типот „И? Како беше вчера?“ дефинитивно не треба да заврши на ѕидот од вашиот пријател/пријателка. Исто како ни изливите на љубов кон партнерот/ката или поканата за дружење. За тоа се тука приватните пораки.

9. Фејсбук ѕидот не е место за приватна терапија или секакви исповеди и признанија

Ако некоја типка сака да му признае на некој фраер дека го бендисува, нема да биде баш симпатично ако тоа му го пише на ѕидот. Најдобро е да му каже во живо, или евентуално во порака, нели?

10. Нема смисла да направиш лажен профил само за да го/ја шпионираш бившиот/бившата

Можеби тоа ќе ви се чини како добра идеја, но така само губите време и арчите драгоцени моменти на лицето кое со причина излегло од вашиот живот. Посветете се на нешто друго и трошете го времето на попаметен начин.