Ако Србија го победи Бразил, таа вети дека ќе трча гола


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во стилот на славните светски убавици кои на провокативен и еротски начин се обидуваат да ги мотивираат нивните репрезентации или омилени фудбалски клубови за победа и успех, и комшиката Јелена Карлеуша распали со жешко ветување како мотивација за најдобрите фудбалери на Србија пред одлучувачкиот меч за пласман во мундијалското осминафинале против фаворитот Бразил.

Сопругата на фудбалерот на Србија, Душко Тошиќ, популарната Јелена Карлеуша на социјалните мрежи со нова „гола мотивација“ повторно се обидува да ги мотивира колегите на нејзиниот сопруг.

Ексцентричната Карлеуша вети дека ќе трча гола ако Србија го победи Бразил, вечерва.

„Малку е познато дека во Москва не отпатував поради тоа што веќе не можам да го поднесам стресот. Ако го победат Бразил, се соблекувам гола и трчам до Русија, (добро летам)“, напиша популарната Џеј Кеј на социјалните мрежи.