Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Без разлика дали се работи за диета или пак вежбање, скоро секогаш одлучуваме понеделник да биде првиот ден т.е денот за промени.
Во викенд се одмараме и во понеделник сме спремни за нови работи. Но, сепак изгледа дека најлошо е да се започне со промени во понеделник, а тоа го потврдуваат и нутриционистите.
Сетете се која ви е целта
Едно истражување покажало дека во викенд најмногу јадиме месо, во петок и сабота јадеме јаглехидрати и пиеме алкохол, и во тој период внесуваме најмногу калории. И со самото тоа мислиме дека понеделник е одличен ден за започнување на промените. Нутриционистот Џејми Мес објаснува зошто оваа теорија е погрешна.
„Најчесто “почнувам од понеделник”, е поприлично опасен начин за започнување на нови навики. Одма размислуваме дека мора брзо да започнеме со промените, а тоа носи до многу нездрави навики“, објаснува Џејми.
Освен тоа, доколку сте имале бурен викенд голема е веројатноста дека нема добро да бидете наспиени, и ќе чувстувате дополнителен замор. Со сето тоа може додатно да му се наштети на телото. Нутриционистот советува: „Сетете се дека пробувате да се храните здраво цел живот, а не само 7 дена.“