Ако се уништат ОВИЕ облаци, температурата на Земјата ќе се зголеми за 14 степени


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еколошка и природна катастрофа од планетарни размери се заканува на нашата планета Земја, доколку преку гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина се уништи еден вид на облаци. Тоа ќе резултира со фрапантно и неиздржливо затоплување на Земјата и зголемување на температурата за катастрофални 14 степени Целзиусови.

Според истражувањата на научниците , објавени во угледното списание Nature , ако се продолжи со сегашната динамика на употреба на фосилни горива, тоа би можело предизвика синџир на реакции, кој крајно ќе резултира со зголемена температура на Земјата за 14 степени. Тоа би предизвикало вистинска катастрофа на Земјата, каде би изумреле сите топлокрвни животни , вклучително и луѓето од тропските предели.

Професорот Тапио Шнајдер од Универзитетот во Калифорнија и неговиот тим научници направиле модел на облаци наречени стратокумулуси над суптропските океани, што покриваат околу 7% од Земјината површина и ја ладат нашата планета, така што ја рефлектираат сончевата топлина назад во вселената.

Доколку нивото на јаглерод диоксид се зголеми на 1200 ппм, тогаш овие облаци се распрскуваат и исчезнуваат. Со нивното исчезнување, температурата на Земјата веднаш би се зголемила за 8 степени , што може да доведе до катастрофални последици за целиот жив свет.

За среќа , во моментов новото на јаглерод диоксид е околу 410ппм , за разлика од прединдустрискиот период кога било 280 ппм.