Ако се сомневате во неверство на партнерот, отворете ЧЕТИРИ ОЧИ во ПОНЕДЕЛНИК


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дали вашиот партнер/ка денес се оправдува дека има многу работа?

Авторите на порталот, Иличита енкаунтерс објаснуваат дека понеделникот е проблематичен, бидејќи доаѓа по викендот, во текот на кој сопружниците во суштина го минуваат времето заедно, запоставувајќи ги љубовниците.

Поради тоа, одвај го чекаат првиот работен ден да ја надополнат изминатата тишина и да се извинат со пораки, повици или уште почесто со состанок среде работното време.

Се случува и жените да се правдаат дека во понеделник имаат најмногу работа, бидејќи во текот на викендот премногу одморале, па им најавуваат на сопружниците дека ќе останат подолго на своето работно место. Совршено алиби времето да го минат со љубовниците.

Освен понеделник, оние кои изневеруваат најчесто комуницираат со другите партнери во петок до 22 часот, кога се одјавуваат и ги најавуваат семејните активности.