Ако сакате секси и убаво обликуван задник – овие се главните вежби


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За правилно развивање и одржување во форма на секој дел од вашето тело постојат навистина разновидни вежби. Но, има такви кои се клучни и такви кои никогаш не е лошо да ги практикувате, но се може и без нив.

Овој пат станува збор за комбинација од вежби која спаѓа во првата група – оние кои не треба никогаш да ги прескокнувате. Добра вест е што можете да ги правите во секакви услови, со или без дополнителна опрема.

1. Славните „чучњеви“ (клекнувања)

Основна и неизбежна вежба за добро дефиниран и стегнат задник. Никако не смеете да ги прескокнувате во секој ваш тренинг.

Фантастични се, но треба да внимавате да ги правилно да ги правите – стоење на цели стапала, без подигање на прсти и колената да не ја поминуваат вертикалната линија на ножните прсти кога клекнувате.

Ефектот ќе биде уште поголем и побрз ако додадете дополнителен товар во вежбата, пример тег или медицинска топка во раце.

2. Исчекор

Застанете исправено и со едната нога направете правилен исчекор напред. Предната нога треба да биде свиена во коленото под агол од деведесет степени, со целосно згазнување на стапалото, а задната подигната на прсти.

Задната нога во коленото треба да ја свивате и спуштате кон подот. И кај оваа вежба важи советот дека дополнителен товар вклучен во истата дава подобар ефект.

3. Половичен мост

Оваа вежба се прави така што легнувате на подот свртени со грбот надолу. Нозете можат да бидат потпрени на подот, или подигнати на „степер“, стол, кревет или нешто друго, па се почнува со подигнување на задникот и колковите нагоре.

Најважно е колковите да ги подигнете што е можно повисоко, а со нив и задникот, и да задржите што е можно подолго во таа положба. Потоа спуштате на под.

4. Одење или трчање по стрмнина

Една од најефикасните и најкорисни активности за подигнување и зацврстување на задникот е брзото одење или трчањето по угорнина или качување скалила.

Со оваа вежба дополнително се зацврстуваат мускулите од задникот, бедрата и листовите. За напредни и поефикасни резултати, на нозете додадете дополнителен товар.

Дополнителен совет: Стегајте го задникот во секоја прилика кога имате можност за тоа, не само кога вежбате. Така редовно и без престан ќе работите на неговиот добар изглед. 😉