Ако сакате да пробате чоколадо правено по рецепт стар 3.000 години – фаќајте авион за Гватемала


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во гватемалскиот град Антигва и ден денес се прави чоколадо според техниката на древната Мајанска цивилизација (Маи).

Маите, Толтеците и Ацтеките почнале да одгледуваат какао пред повеќе од 3.000 години. Неговите плодови и чоколадото кое се правело од нив, тие го сметале за „храна на боговите“. Таа традиција сè уште е задржана и во делови на светот каде живееле Маите: Гватемала, Хондурас, Белизе, Мексико и Ел Салвадор.

Во тие места какаото било користено и како валута за размена, бидејќи се сметало за многу вредно поради своите медицински и афродизијачки својства.

Најпрво зрната од какао се печеле и мелеле, а потоа од нив се подготвувал топол чоколаден напиток, што се користел на верските церемонии, погребите, како и во ритуалите посветени на Ек Чуаху, богот на трговците и заштитникот на какаото.

Млекото и шеќерот во оргиналната смеса се додадени дури по доаѓањето на конквистадорите во 16 век. Благодарение на нив, чоколадото стигнало во Европа. Првата достава на како во Шпанија била извршена во 1585 година.

Во Гватемала, бројни традиционални занаетчии се уште ги користат истите методи за преработка на какаото што ги користеле Маите.

За време на четиридневниот процес на преработка, какаото се суши, пече, лупи и се меле рачно со употреба на метате – традиционален камен за мелење.

Таблите чоколадо се обликуваат со користење на подлога од трска – петате. Потоа се растопуваат во топла вода, па се додаваат зачини.